Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Матов - Брут

Роден е на 10 март 1869 година во Струга. Основното образование го завршува во Струга, средното во Солунската гимназија во 1888 година, по што две години учителствува во Струга. Во 1893 година го завршува вишото училиште – по славјанска филологија во Софија. Потоа работи како учител и директор во Скопје, училишен испектор во Сер а потоа учител во Бугарија.

При учителствувањето доаѓа во допир со идеите на МРО и целосно им се посветува. Во Скопје го формирал првиот месен револуционерен комитет, каде во 1896 година го покрстува во ВМОРО 15-годишниот Т.Александров. Од 1896 до 1901 година е член на ЦК на ВМОРО.

По Солунската провала во јануари 1901 година, е заточен во Бодрум Кале до 1902 година. Во 1902 година, заедно Х.Татарчев е назначен за член на Задграничното претставништво во Софија.

По Илинденското востание учествувал во фракционерските борби на ВМРО и идејно бил во т.н. десно крило, кое се залагало за запазување нма стариот централистички принцип.

На советувањето на десницата во Софија од декември 1906 година, Х.Матов е поново избран во Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија, заедно со Б.Сарафов и И.Гарванов. Под претседателство на Х.Матов, во март 1908 година е одржан Ќустендилскиот конгрес.

Во 1912 година учествува како доброволец во Првата балканска војна во Македонско-одринскиот корпус, за што е одликуван со ордени за храброст.

По војните се повлекува од политичкиот живот од здравствени причини (боледувал од туберколоза). Како признат теоретичар и идеолог на револуционерното движење, оставил знаменити дела со теоретска, револуционерна, филолошка и литературна содржина.

Психички растроен и болен, Христо Матов умрел во Софија на 10 февруари 1922 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik